Во главниот град денеска ќе се одржи Парадата на гордоста, настан кој ќе започне во попладневните часови од Градскиот парк.

Организаторите посочуваат дека маршот е насочен кон поддршка на човековите права, еднаквоста и борбата против дискриминацијата. Годинашното издание се одржува со пораки за поголема видливост, солидарност и почитување на различностите.

Учесниците ќе тргнат од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, а маршрутата ќе продолжи по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Партизански одреди“. Потоа движењето ќе продолжи кон улицата „Васил Главинов“, улицата „Димитрие Чуповски“, а завршницата е предвидена во паркот „Жена борец“.

Поради одржувањето на маршот, надлежните ќе воведат изменет режим на сообраќај во делови од градот. Се очекува привремени ограничувања во движењето на возилата долж улиците по кои ќе се движат учесниците.

Од организаторите апелираат граѓаните навреме да се информираат за промените во сообраќајот и да покажат разбирање за привремените измени во централното градско подрачје.