Европската Унија постигна привремен договор за нови правила што треба значително да ги зајакнат правата на патниците во сите видови превоз, со посебен акцент на авионскиот сообраќај.

Една од најважните новини е дека патниците ќе имаат право на целосна рефундација, вклучувајќи ја и провизијата на туристичките агенции или онлајн платформите, доколку летот биде откажан. Парите ќе треба да бидат вратени во рок од седум дена, а ако посредникот претходно ја платил картата, рокот за рефундација е 14 дена.

Новите правила предвидуваат и стандардизирани обрасци за поднесување барања за рефундација и надомест, како и поефикасно решавање на поплаките на патниците низ целата ЕУ.