На 06.07.2026 во 21:12 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки и пешак.
Според пријавеното, возилото било управувано од С.Д. (74) од Охрид, кое удрило во пешакот М.Т. (84), исто така од Охрид.
Во несреќата, М.Т. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.







































