-По неповторливата енергија и успешниот скрининг процес во 2023 и лидерството во реализацијата на ИПАРД 2 повторно сум во Брисел, информира пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски и поранешен заменик-премиер и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Први два дена на интензивна агенда, бројни средби, отворени разговори но и јасни пораки од сите но и од генералниот директор за проширување на Европската комисија Герт Јан Копман и тим лидерите задолжени за Западен Балкан и Македонија.

Николовски посочи дека генерацискиот момент на проширувањето е сега, Црна Гора добива над 3 милијарди евра за членство, Албанија чекори брзо кон крајот, како и Молдавија и Украина.
-За жал, не бевме споменати ниту еднаш во оваа група но сеуште симпатиите кон Северна Македонија се големи а шансата да го фатиме возот е пред нас и зависи од нас. Прво ни треба разговор, комуникација и градење доверба. Повторно е потребно и лидерство и одлучност. За да бидеме на масата, да градиме систем и да ги користиме огромните бенефити најмногу како обврска кон идните генерации, рече тој.

Денес продолжува во Стразбург на средби со влијателни европратеници од сите групи.










































