Снимката со татиниот асистент во вежбална била од октомври, 2019 год, не` информираше ревносно Наќо Чулев. Не ни појасни зошто полицајците со него биле со ракавици и маски, но оќеј – да не тераме ,,мак на конец”. Мицкоски бил ного чесен човек, а ние секако – не се сомневаме.
Спровел Наќо истрага (реков ја Херкул Поаро е човеков, никој не ми верува).
А, пред една недела имаше друг сличен предизвик, исто околу Мицкоски – поднесе кривична против Тричковски, кој го навредил шефот на Наќо.
Не знам како да ги крстиме овие вмровски мелодрами од фејсбуци – ,,Напатената душа на Мице”⁉️
Не сфаќам. Во МВР има нов сектор ,,Сајбер Мицкоски” или шо е работава⁉️
Пошто, имам чувство дека Наќе доаѓа на работа и уште со неиспиено кафе гледа кој што пишал за шефот му, кој нали го предложи за министер, и веднаш штанца кривични за да не се нервира ,,римскиот атлетски бог на вмровците” – Мице.
Наќо, а ќе најдеш време за криминал, што викаш❓Или криминал ќе брка Саше БЈБ од СДСМ и Славјанка, а ти ќе го пазиш Мице и неговото его од ,,лошите комуњари” кои еднаш го фатија во затворена тератана, па ај ја земал торбата, а втор пат – стара била снимката.
ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци







































