Во полиција вчера утрото во 07.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на влезот во село Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(22) од село Србица, патничко возило „сеат алхамбра“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С. (63) од Кичево и патничко возило „форд ескорт“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(23) од село Горно Строгомиште.
Во незгодата, А.Ј.(54) од село Горно Строгомиште, сопатник од возилото „форд ескорт“, од здобиените повреди починал. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите А.Ј. и С.С., по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево, во присуство на Јавен обвинител.







































