Времето врви, а и натаму НИТУ ЕДЕН член или симпатизер на ДПМНЕ нема ништо донирано во фондот за борба против Ковид-19… Вклучително и самото раководство, вклучително и партијата во целина…

Вклучително и дијаспората…
Овде во Канада, пред да почне кризата, секој месец се одржуваа банкети на коишто се собираа донации за помош на семејствата на Чавков и другите „угнетени“ патриоти… Тие пари додуша никогаш не завршуваа таму кадешто било кажано дека ќе завршат, ама тоа е друга приказна… Кога има овци за стрижење, ќе има и волна…
Ама истите тие сега не донираат… Ниту денар, ниту цент…

Нема донации во пари, но нема донации ниту во маски, ракавици и друга заштитна опрема… Буквално во ништо…

Деновиве сме сведоци и на нешто друго… Пратениците и други функционери од СДСМ масовно се откажуваат од платите и освен минималецот сите други пари ги донираат… Од друга страна, ниту еден пратеник од ДПМНЕ тоа не го направи…

Исто така, донации нема ниту од партиите на Бачев, Солза, Апасиев и другите „патриотски“ партии… Донации нема ниту од оние т.н. „неутрални“ партии… Нека си се препознат самите…

И кога сме веќе кај „неутралците“, и оние „неутралци“ на социјалниве мрежи (коишто јас ги нарекувам мрчатори) НИТУ ЗБОР за тоа што никој од ДПМНЕ не донира… А за СДСМ секојдневно пишуваат и откриваат завери, демек финти… Демек тие намерно демек се откажале од платите, па демек Уставниот суд ја поништил одлуката, па демек сега прават фарса со донациите, па демек вака, па демек онака… За ДПМНЕ нема никаков ‘демек’… За нив молчат како сошиени да им се устите…

ФБ статус на Ацо Лукароски