Драган Вучиќ беше психијатар на македонскиов народ. Кога виде дека од музика нема пари, се прешалта на тв емисии. Одлично ја спозна психологијата на успехот, па знаеше да ,,вози” глупи и од тоа да живее ко паша. А, сите него го мислеа глуп, он им го даваше тоа задоволство така да си мислат. А, он само се адаптираше и се спушташе на нивото потребно за тригер за опстанок во етер- сите го зборуваа, го мразеа, а пак го гледаа. И така со децении. Не го познавав, но човекот, неспорно, беше успешен шоу биз лик.
Лесна му земја.
ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци







































