МИнистерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво од почетокот на годината беа објавени и реализирани пет јавни повици и тоа:

Завршен е јавниот повик за субвенции за занаетчии при што оваа година субвенционирани се вкупно 43 занаетчии и вршители на занаетчиска дејност во вкупен износ од 4.47 милиони денари. Исто така минатата недела на 30-ти април заврши јавниот повик за кофинансирање на проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството.

Вкупниот буџет е 1.74 милиони денари. Следи евалуација на пристигнатите апликации и потпишување на договори за имплементација на проектите.

„Во делот на поддршка на занаетчиството сакам да информирам дека сè уште е отворен јавниот повик за субвенционирање на трошоци за ангажирање на чираци, која е нова мерка произлезена од барањата на занаетчиските комори. Јавниот повик е отворен до 20-ти јули, а вкупно се за ова намена се предвидени 300.000 денари“, кажа министерот.