Петар Богојески од Македонски концепт во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека отпорот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кон можноста за одржување брзи избори лежи во тоа што во партијата владее сериозен лузерски концепт или сериозна губитничка амтосфера:
“ВМРО е партија без компас и политичка партија која бара брзи предвремени избори, а потоа бара одложување на избори во редовен термин. Политичка партија која е против вонредна состојба, а потоа бара неколкукратно продолжување на вонредната состојба. Политичка партија која е против свикување на Собранието, па после бара свикување на Собранието. Значи, едно неконцептуално однесување!” – заклучи Богојески.







































