Секој од нас има право на сопствено мислење за се’ во животот, меѓу другото и за пандемијата со КОВИД-19. Како настанала, зошто се раширила, на кој начин да се штитиме од неа, како треба да се лекува.. Исто како што никој никому не може да забрани да верува во тоа што сака да верува, вклучително и во теориите на заговор. Оттаму, колку и да е бесмислено, легитимно е правото на поединци да веруваат дека коронавирусот не постои, дека сето тоа е измислица на големите сили, масоните, комунистите и капиталистите, со намера преку пронаоѓањето на вакцина, да ни вбризгаат алуминиум и преку 5G да не’ следат… или како и да е.
Меѓутоа, она што треба да го знаат сите оние кои искажаа поддршка за собирот во Струга, е дека со тоа го девалвираа и омаловажија трудот и храброста на илјадници здравствени работници, кои борејќи се за здравјето и животите на граѓаните на нашата држава, го ризикуваат најсветото нешто – сопствените животи! Дека во тоа име, доброволно се изолираа од своите најблиски, дека се откажаа од својата приватност, од правото и човечката потреба да бидат со своите деца, токму во мигот кога невидливиот пријател демне над секој од нив. Над секој од нас.
Кои сте, бре, вие, кои со вашиот своеглав и аналфабетски начин на толкување на пандемијата, за кој сеуште не нашле соодветен одговор ни СЗО, ниту државите со најразвиени здравствени системи, го помноживте со „нула“ сето она што Владата и нашите здравствени институции, сите здраворазумни граѓани, го инвестираа и жртвуваа за надминување на најголемото зло со кое се соочило човештвото во последните неколку децении?
Кои сте вие, самонабедените „универзални генијалци“, да ги ставате на коцка нашите животи и да си играте „писпилекопанче“ со иднината на нашите деца?
Целата колумна на Зоран Милошески за Публикум на следниов ЛИНК.







































