Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, во гостувањето на “Отворено студио” на 24 телевизија, запрашан да ги искоментира реакциите на јавноста во врска со објавената цена од пола милион евра за уредување на јавниот простор околу плоштадот, со објаснување:

“Сумата е далеку од занемарлива. Почетокот на зафатот на плоштадот во Скопје е најавен на почетокот на септември 2019 година и чини 33,2 милиони денари. Тоа е договор објавен во јавни набавки, не е нетранспарентен. Во тие 33,2 милиони денари влегуваат плочникот во целост, од излезот до ГТЦ, до плоштад и кон излезот кон Собранието. Во таа цена влегува плочникот, уредувањето, канделабрите, зеленилото, урбаната опрема во целост. Веќе имавме објавено колку ќе чини, цената беше објавена на прес-конференција што јас лично ја држев. Плочникот е нешто што е предмет на јавни пари, тоа се тие 33,2 милиони денари и тука освен плочникот спаѓаат и клупите, канделабрите, корпите, дрворедот. Тоа се пари од градската каса, а јавната набавка е спроведена во јуни 2019 година, договорот е потпишан и работите се започнати во септември 2019 година” – објасни Шилегов.

Во однос на мноштвото пласирани лажни вести во врска со овој проект, почнувајќи од таа дека сумата се однесува само на тревникот, Шилегов со коментар:

“Тоа е убедливо најубаво уредениот простор во историјата на овој град. Со дрвореди, со клупи, со лед осветлување, со квалитет на плочник што досега сме го немале, со обезбедена стаза за движење на лица со оштетeн вид што никаде во Скопје на ниту еден плочник го немате. Јавноста ја прими новата димензија на јавен простор, плочникот и зелениот кров, многу добро. Фидбекот е дека луѓето го прифатија тој простор.

Она што мене секогаш како човек ми пречи е немоќта на опозицијата да одговори на различноста. Ако сите досега кажале дека тоа е прекрасен простор, се шири лажна вест дека само тревникот чини 33 милини денари. Треба ли да ве потсетам дека 4 лава чинат 3,5 милиони евра, дека 3 липи во коритото на Вардар чинат 320 000 евра. И сега се прави простор со стандард невиден досега, со квалитет на изработка невиден досега, со визуелен изглед којшто сериозно се разликува од барокното лудило и го штити јавниот простор не дозволувајќи таму да никнат Шпанските скали и сега одеднаш се реагира” – додаде Шилегов.