Лагата на Заев дека мерките на СДСМ ќе имаат ефект за закрепнување на економијата е иста со онаа лага дека од Арачиново ќе има 300 пилоти, порача денеска Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Едно е исто и тогаш и сега, време е за избори, а Заев ветува што ќе му текне на памет. Ниту тогаш исполни, ниту пак сега ќе исполни. Исто како што нема 600 километри автопат, 500 евра плата, 100.000 денари плати за лекарите, исто како што не ги врати младите туку напротив ги исели. Три години со Заев, три години живот со лаги.
Заев и СДСМ вчера најавија дека со парите на сите нас, граѓаните на Република Македонија, ќе трчаат на избори и ќе вршат поткуп на гласачи, начин на кој мислат да го ублажат неминовниот пораз,порача Нелоски.
Мерките кои што ги најавија се мерки за еднократен поткуп на гласачи, тие не им помагаат ниту на граѓаните ниту на фирмите, и тие нема да имаат ефект за заживување на економијата. Дополнително треба да знаеме дека тоа се пари кои ги немаме, односно треба да ги позајмиме и да ги задолжиме идните генерации, рече Нелоски.







































