Во вечерашното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија, пратеничката од редовите на СДСМ од последниот парламентарен состав, Јагода Шахпаска, со свој коментар за однесувањето на опозицијата и денешната неуспешна лидерска средба.
“Не се работи овде за желбите на СДСМ, туку се работи за почитување на законските процедури и рокови. Ние сме за организирање избори односно продолжување на изборниот процес таму каде што застана, но пред сè почитувајќи го општото, јавното здравје. Доколку вонредната состојба заврши на 30 мај тогаш согласно законските одредби и изборниот законик ние треба да ги испочитуваме роковите и првиот теермин 22 дена после завршувањето на вонредната состојба би бил 21 јуни. Не е тоа желба на СДСМ, туку тоа е согласно законските процедури, согласно она што го предвидува Уставот, изборниот законик итн. Од друга страна, овие денови беа исполнети и барањата што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија ги бараше на претходните лидерски средби за кои денес два пати се извини пред граѓаните зошто се организираат лидерски средби наместо да се води грижа за здрвајето, а граѓаните многу добро знаат дека лидерските средби беа по иницијатива на опозицијата. Ова говори за демократскиот капацитет на владеачкото мнозинство кое се согласи и ги одржавме тие лидерски средби.
Не велам да се оди на брзи избори, велам избори во кои ќе биде испочитувана пред сè здравствената криза, односно здравјето на граѓаните, надминување на здравствената криза, укинувањето на вонредната состојба, продолжување на роковите за течење на изборните процеси онаму каде што беа замрзнати со уредбата на Владата” – истакна Шахпаска.







































