На двајца пациенти на 43 и 40 години им се донирани бубрези од Емилија Динева од Дојран, која го изгуби животот во сообраќајна несреќа, а чие семејство одлучи нејзиното срце и бубрези да бидат донирани со цел да се спасат три човечки животи, пренесе Фокус.

Сашо Дохчев, директор на скопската Клиника за Урологија и еден од лекарите кој ги изврши трансплантациите на бубрезите во изјава за „Фокус“ објасни како се одвивал целиот оперативен зафат.

„Пациентката има 43 години и е десет години на дијализа. Трансплантацијата кај неа траеше 2 до 3 часа и помина одлично. Таа во моментот се чувствува добро. За разлика од неа, трансплантацијата кај 40-годишниот пациент помина многу потешко, а кај него се извршува трансплантација по вторпат…– истакна доктор Дохчев.