Техничката заменик-министерка за администрација и информатичко општество, Невенка Стаменковска Стојковски, вчера од техничкиот министер за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, побара оставка бидејќи не била задоволна од фактот дека имало еден позитивен вработен во институцијата во која работи, па запраша: “Дали Манчевски знае дека во институцијата која ја раководи веќе има позитивен на ковид-19?”
Оставка не заборави да побара и од Филипче, а обвини дека за теснопартиски цели СДСМ дозволува да се прават кластери помеѓу вработените во јавниот сектор, а тоа според нејзините гледања на светот се должи на лошиот менаџмент на раководните кадри на СДСМ.

Денеска, беше објавена веста дека советник на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, е позитивен на ковид-19, па еве неколку прашања до техничката заменик-министерка:
- Дали Невенка Стаменковска Стојковски е на раководна позиција во истото министерство како и Дамјан Манчевски или во некое паралелно министерство и каква е нејзината улога таму?
- Дали денеска согласно принципот на еднаков третман ќе побара оставка и од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, како што побара од Манчевски?
- Дали сега Невенка сфаќа дека коронавирусот не смее да се користи за партиски цели, да се ликува на бројки на новозаразени, да се посочува со прст кон која политичка опција се наклонети заразените, бидејќи короната може да затропа на сечија врата?
- Дали по принципот на нејзиното матично министерство, смета дека заразениот советник на Чулев е заразен заради негрижата и лабавиот однос на Чулев, односно заради фактот дека вработените се недоволно заштитени, а мерките за заштита се недоволни и задоцнети?
- Дали според неа од ковид-19 заболуваат само вработени во јавна администрација, а не заболуваат вработени во приватен сектор? Тоа ли е таа огромна загриженост подеднакво за сите граѓани?
- Дали ако одиме по логиката на ВМРО-ДПМНЕ можеме да кажеме дека имаме нов “вмровски кластер”?
- Дали Чулев намерно му посака брзо оздравување на својот вработен на албански јазик, за да го дистанцира заразениот од ВМРО-ДПМНЕ, односно дали суптилно ни најави дека станува збор за Албанец?
Ете, тоа е таа поделба која оваа групација која раководи со ВМРО-ДПМНЕ денес ја прави на сите полиња и по сите основи и тоа замислете со дозирана моќ во овој формат на техничка влада. Со своето учество во техничката влада веќе успеавте да поделите се’: ги делите заразените по партиска основа, делите по етничка основа, по основа на јазик, ги делите вработените по јавни и приватни институции, ги поделивте лекарите, ги поделивте дури и ковид кластерите?!
Толку за вашиот концепт за обединување и соживот!
И тоа само со дозиран удел во оваа влада, а незамисливо е што би се случувало доколку некогаш повторно добиете целосна контрола над власта во државата бидејќи апетитите и матрицата очигледно ви се исти како оние што ги гледавме долги 11 години!








































