Премиерот Оливер Спасовски, заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска се во во посета на Крива Паланка.
Денеска сме во Крива Паланка за да го означиме почетокот на капиталниот проект „Реконструкција на Градскиот Плоштад и Градскиот Парк“, истакна премиерот Оливер Спасовски при денешната посета на Крива Паланка.
„Ова е само еден дел од поголемиот проект „Крива Паланка – Источна порта на Европа (Фестивалска туристичка атракција)“.
И овој проект на Општината, во соработка со Владата и со Европската Унија говори за позитивниот и конструктивен пристап кој во својот центар на внимание ги има граѓаните.
На местото на хаосот и на непланските и лошо изработени проекти, кои не можеа да се реализираат, ние имаме спротивен пристап.
Европски пристап“, посочи Спасовски.