Истокот не е веќе заборавен регион, туку е вистински пример за сите!, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
„Денеска имаме уште една убава вест. Почетокот на реконструкцијата на Градскиот плоштад и на Градскиот парк во нашата Крива Паланка.
Крива Паланка добива нов и модерен плоштад и градски парк, кој ќе биде наша гордост. Ќе биде симбол на нашиот град.
Проект кој е овозможен преку тесна соработка меѓу Општина Крива Паланка и Владата предводена од СДСМ.















































