Радмила Шекеринска, министерка за одбрана, во денешното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија со став дека СДСМ како партија во кампањата ќе се однесува коректно, со фокус на сите свои резултати и достигнувања и со максимално почитување на здравствените протоколи.

“Кампањата зависи од учесниците и никој од нас не може да зборува за другите. Јас можам да кажам дека нашиот став, нашата политика, нашите навики во целиот изминат период биле прво, да покажеме дека нашата држава може да организира фер и демократски избори и тоа веќе го направивме и на претседателските и на локалните избори, ја извадивме државата од групата на земји во коишто сите избори беа доживувани како фарса. Тоа е првата наша обврска. Втората обврска како учесници во кампања е да го почитуваме тоа што сме го потпишале и тоа ќе го правиме. Во оваа кампања, ако ги слушате настапите на нашите претставници ќе видите дека фокусот е што сме имале као проблем, што сме решиле од тие проблеми и што планираме да решиме во следните четири години. Имаме резултати со кои можеме да се пофалиме, имаме и области во кои ќе треба повеќе да се работи. Целта ќе ни биде што е можно подиректно, земјаќи ја предвид ситуацијата со коронавирусот, со целосно почитување на мерките за заштита, да допреме до што е можно до поголем круг на луѓе, но нема да играме со здравјето на граѓаните и навистина она што го најавивме, без разлика на протоколите, ќе водиме сметка за големината на собирањата, средбите да бидат многу мали и сите мерки на безбедност да се почитуваат. Ова не се нормални избори, ова ќе бидат избори во сенка на пандемијата која го зафати целиот свет” – истакна Шекеринска.