Со површната гордост која се добива со чукање во гради ние бевме во ходниците на меѓународните институции, порача Никола Димитров, носител на листата во Изборна едница 1 во вечерашниот ТВ дуел на Канал 5 ТВ со противкандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска.

Да бидеме горди со нашата историја, но и со она што денешната „жива“ генерација може да направи.- рече Димитров порачувајќи дека и генералниот на ООН Гутераш го издвоил решавањето на спорот како врвен диполматски успех.

Немаше земја која не го охрабри решението освен нашата опозиција. Гордоста и патриотизмот имаат врска со соочувањето со проблемот, со реалноста! – истакна Димитров.