Носителот на листата за пратеници на коалицијата “Можеме”во ИЕ3 Љупчо Николовски вчера објави фотографија како ги поздравува активистите од ВМРО-ДПМНЕ кои делат флаери и напиша:
“Кој би рекол. Со црвена маичка на штанд на ВМРО-ДПМНЕ!
Шега на страна, знаете ли што ми е најмачно? Што луѓето семејствата си ги поделија, брат со брат се избришаа за пусти партиски караници. Мора да престане тоа луѓе драги!
Ќе ви кажам нешто искрено. Во таа партија има и чесни луѓе. Со образ. Имам и пријатели. На неброени “вмровци” сум им помогнал, сведоци се, си знаат.
За жал кај нив чесните не доаѓаат до површината. И во СДСМ не се сите перфектни, но владее демократија. Ако работиш чесно и си посветен, ќе бидеш препознаен и поддржан. Во ВМРО не е така.
Но, и тоа ќе се смени. Ќе дојде време кога во двете партии ќе владее демократија и конечно ќе бираме по тоа кој е квалитетен, а не по тоа кој од која партија доаѓа.
Затоа влегов во политиката и ќе се борам за истото до последно!
За крај, поздрав до моите пријатели и познаници од сите партии, ви посакувам се најдобро!” – напиша Николовски.
Но денеска се појави фотографија од Кавадарци како кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ги одминува активистите од СДСМ и не сака ниту да ги погледне, камо ли да ги поздрави.
Додека од едната страна водат позитивна кампања и со своето однесување покажуваат респект кон политичкиот противник, од другата страна гледаме водење на негативна кампања полна со омраза и гнев кон се што не е на нивна страна.
Разликата очигледно е голема.
@lj_nikolovski еве која е разликата, пратеникот на ДПМНЕ од Кавадарци, не знае што е тоа фер плеј pic.twitter.com/6rPVKSUlQL
— Sveta Petka (@PetkaSveta) June 28, 2020









































