Ако нешто не научи периодов, тоа е дека инвестиции во здравството се апсолутно потребни. Тоа и го правиме, на тоа ќе бидеме фокусирани и понатаму, истакна генералниот секретар на СДСМ и носителот на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски.
„Затекнавме комплетно нефункционално здравство, знаат лекарите како се водеше здравството порано. Од најреспектабилна професија ги оставија понижени.

Општите лекари во јавното здравство имаат плата од 40.100 денари, лекари специјалисти – 60.600 денари, а специјалистите во наставен кадар имаат плата од 71.000 денари.
Медицинските сестри во јавното здравство со средно образование имаат плата од 23.550 денари, со вишо и високо образование над 31.000 денари.
Продолжуваме со изградба на новата Клиничка болница Штип. Пациентите мора да добиваат соодветна нега, а здравствените работници мора да се добро платени.

Да не го запираме прогресот! Да не се враќаме во несигурност и страв“, потенцираше Николовски.







































