Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници од четвртата изборна единица, Зоран Заев денеска во стартот на втората недела од кампањата се обрати на граѓанската трибина во Гевгелија.
„Гевгелија не е само најблиската дестинација до ЕУ на три километри од овде е од ЕУ, туку веројатно го имате едно од најубавите места за живеење, со целата еколошка свесност внатре, со сите перспективи, географска дестинација, мудар и работлив народ. Низ целата таа мудрост секогаш знаел да носи мудри одлуки. Мене ми е драго вечерва што можеме да дискутираме со овие вредни луѓе околу мене“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Пред гевгеличани тој зборуваше за сработеното во изминативе неполни 3 години, за храброста со којашто се носеа крупни и храбри одлуки за децениските проблеми, а истовремено се дигаше економијата преку храбри економски одлуки.








































