Македонија не може да има 6 универзитети фабрики за дипломи. Луѓе кои 5ка не можеле да добијат магистрираа, докторираа и сега од телевизијата не се симнуваат, во владата управуваат.
— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) June 29, 2020
Ако Гордана Силјановска-Давкова е неупатена и не се сеќава кој со своите експерименти го руинираше образованиот систем, со задоволство ќе ја потсетиме.
Замислете каква неинформираност покажува професорката која цела професионална кариера ја градела и поминала во образование, и тоа на најстариот државен универзитет, а во неколку наврати претендирала и за високи државнички функции. Професорката треба да знае дека образованието е клучен елемент од едно општетсво и дека без квалитетно образование секоја држава во светот е бесперспективна.
Запрепастува дозата на храброст што ја покажува Силјановска-Давкова бидејќи фактите говорат дека во 2006/2007 во Македонија имало 43 факултети, за веќе во 2014 година на секое ќоше да изникнат дури 120! Нека ја потсети некој професоркава кој беше на власт во 2014 година и чиј најграндиозен проект беше како да се распрскаат факултетите низ секое населено место во државава.
Која беше целта на ваквата погубна политика видовме по тоа кој сè експресно дипломираше, магистрираше и докторираше во државава за да можат удобно да потонат со целото свое незнаење во примамливите фотелји што ги делеше Никола Груевски своевремено.
Ако на професоркава сè уште не ѝ е јасно дека таа е последната што треба воопшто да помисли да ги спомне “фабриките за дипломи”, нека ги прочита коментарите кои граѓаните ѝ ги оставиле на оваа срамна објава.
https://t.co/nSy7Ns2lUi pic.twitter.com/LvvrVC9zZG
— Калиси (@MajkaNaZmejovi) June 30, 2020









































