Сакам да истакнам дека нашиот здравствен систем покажа дека може да се носи со светска пандемија. Сакам да им се заблагодарам на Здравствената комисија што го штитеа здравјето, моето и на моето семејство, на граѓаните и затоа е многу жално да им наметнеме некаква одговорност на овие наши сограѓани, лекари. Секој од нас има одговорност во оваа здравствена криза, рече Мила Царовска од Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во вечерашната дебата на 21ТВ порачувајќи дека во нареднито период треба сите заедно да ги почитуваме препораките на стручната комисија
Во однос на економска криза Царовска рече дека меѓународни финански институции нотирале дека токму заради навремените мерки на Владата, како што рече Царовска, се спасиле повеќе од 60 000 работни места.
-Немавме ниту ќе имаме масовни отпуштања. Обезбедивме за 120 000 вработени минимална плата за да ги задржиме нивните работни места.Со третиот пакет економски мерки обезбедуваме 25 милиони евра за големи, мали и средни претпријатија за да ги вложат во развој и ја вратат економијата во нормала до крајот на годината, за да од следната година имаме економски раст, какош то ни предвидува Светската Банка, истакна Царовска.







































