Лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во второ предизборно соочување, овојпат на националниот ТВ сервис.

„Светската здравствена организација, домашните експерти и многу други потврдија дека ние имаме објавување на чесни бројки, транспаретни во врска со коронавирусот. Комисијата за заразни болести, без разлика дали има или нема избори, сакаше отворено од самиот почеток да ја известува јавноста“, порача Зоран Заев.

Христијан Мицкоски, во однос на ситуацијата со коронавирусот истакна дека Македонија е убедливo рекордер по бројот на загубени животи од коронавирусот споредбено со земјите во регионот, заради калкулантскиот однос на Заев и Филипче.

„Рекордери сме по бројот на луѓето коишто го загубиле животот поради Ковид-19 пандемијата, а сето тоа е поради калкулантскиот однос, непримерниот однос, наместо тие во Комисијата за заразни болести да бидат инфектолози, прераснаа во политиколози“, рече Мицкоски во ТВ дуелот.