Мицковски е Вучиќ 2.
Право да се гласа или не е секако личен избор.
Во Србија за време на кампањата претседателските избори на кои се бираше помегу Борис Тадиќ и Тома Николиќ дел од демократска јавност и белградската елита водеше кампања на тнр бели ливчиња и повикување да не се гласа.
Причина незадоволство од владеење на владите на поранешиот ДОС.
Резултат победа на Тома Николиќ, паѓање на владата и доѓањето на власт на “ ребрендираниот” како Мицковски, Александар Вучиќ.
Мицковски (како Вучиќ) е во постојан конфликт со новинарите. Во сите интервјуа влегува во директна конфронтација и обвинување на новинарите. Не, само политичките, туку на оние кога се поврзани со економија.
На последната дебата кога новинарот на двајцата учесници им постави провокативни прашања, Мицковски влезе во директна конфронтација и обвинувања на новинарот.
Мицковски се заканувал на новинари кои пишувале критички за него, праќајќи порака… ќе видиш што ќе ти се случи ако дојдеме на власт…
Во кампањата за парламентарните избори Мицковски е единствениот лик-исто како Вучиќ кој е способен за се’: исправа, лечи, гради, останува само почне да спасува луѓе заглавени во снег.
Ваква нарциосоидност, колку на прв поглед да делува смешно е опасна.
Гледаме што се случува во Србија деновиве.
Знам дека ќе бидам нападнат од лево, десно и центар, дека “ заплашувам”, некои ќе ме етикитираат како “ ново” ќосе..
Ова личен став, одлуката за не-гласењето и лична, но последиците се пошироки.
ФБ статус на Боби Илиевски







































