Генералниот секретар на СДСМ и носител во изборната еднициа 3 Љупчо Николовски денеска беше меѓу жителите на општина Зелениково.

-Задоволство ми беше денеска да разговарам со жителите на Зелениково. Нашата најразнолика и најголема Коалиција Можеме предводена од СДСМ ја видов овде на дело. Овде заедно и сложно живеат Македонци, Албанци,Бошњаци, Роми и Срби. Соживотот не им е проблем, а сите до еден сакаат безбедна и стабилна иднина, перспектива за нив и нивните семејства. И затоа не гледаат иднина во националзмот што го туркаат и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Знаат дека ВМРО-ДПМНЕ носи само опасност и враќање на мрачното минато, а гласот за ДУИ е глас за Груевски. – рече Николовски оттаму.

Нашата држава нема веќе време за губење, тргнавме напред и мораме да продолжиме по тој пат. Го вративме достоинството, го вративме соживотот, станавме членка на НАТО, ќе станеме и на ЕУ. – нагласи Николовски.

Николовски на средбата појасни дека СДСМ и Коалицијата Можеме покажаа дека со домаќински и одговорни политики има конкретни резултати.

-Минималната плата од срамни 9.000 денари порасна на 14.500, а ќе порасне на 20.000 денари. Има раст на платите во сите сектори, а ќе расте и просечната плата до 34.000 денари. Обезбедивме рекорден износ од 430 милиони евра поддршка за земјоделието, во наредниот мандат обезбедуваме по 200 милиони евра годишно. – рече Николовски.

Проекти и конкретни резултати има многу, а ќе има уште повеќе. Затоа е важно во среда на 15 јули, сите, почитувајќи ги мерките за заштита, да излезете на гласање и да се определите за СДСМ и Коалицијата Можеме за да продлжиме напред. На 15 јули сите да дадеме придонес во големата ПОБЕДА на Коалицијата Можеме и целосно да расчистиме со остатоците од режимот на Груевски. – заклучи тој.