Пријатна средба имав денеска со жителите на селото Јаболчиште.

Не го криеја задоволството дека конечно во државата има политичари што се грижат за сите граѓани подеднакво.

Веќе не е важно дали си Македонец, Албанец или Турчин, туку важно е да ги имаш истите права, важно е да живееш квалитетно, да живееш подобро, да има повисоки плати, да има патна инфраструктура.

На моите пријатели од Јаболчиште им порачав дека создадовме едно општество за сите и тоа ќе го одржиме и ќе го унапредуваме.

На овие избори национализмот и од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ ќе го победиме со повисокиот стандард што го обезбедивме за граѓаните, со повисоките плати, со поддршката за земјоделците, за младите, за стопанството.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да останат во опозиција, да се реформираат.

Вакви како што се сега не можат да и донесат добро на државата.

Затоа, Ве повикувам на 15 јули масовно да излеземе на избори и да гласаме за бројот 3, за #СДСМ и Коалицијата #Можеме, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро.

ФБ статус на Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ