Околу 18 часот попладнево во близина на селото Едриниково во општина Василево избувна голем шумски пожар кој, според првичните проценки, зафатил голема површина.

Чадот од пожарот може да се види и од Струмица и околните населени места, а според командирот на ТППЕ Струмица, Александар  Гудев, пожарот го гаснат три противпожарни возила и 12 пожарникари.

На терен  е и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и засега е неизвесно кога пожарот ќе биде ставен под контрола.