Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани нови 103 заразени со коронавирусот, има 187 оздравени пациенти, но и тројца починати. Најмладиот е на возраст од само 35 години.
Според денешната статистика, починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Скопски општини со најмногу активни случаи се Чаир, Аеродром и Гази Баба.
Извор: Слободен печат







































