Oд ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ нема да донесе напредок за земјата, туку стагнација и продлабочување на поделбите, како и продолжување на криминалот и корупцијата.

Од оваа партија велат дека новата Влада нема да вреди ни пет пари, потсетувајќи дека пред изборите лидерот на СДСМ, Зоран Заев велеше дека ДУИ не вреди ниту 5 пари и дека во Мала Речица е седиштето на криминалот. Од друга страна, ДУИ рече дека СДСМ е заинтересирана само за тендери.

ВМРО ДПМНЕ во принцип го поддржува укинувањето на Владата од Пржино, но се спротивставува на одлуката на СДСМ и ДУИ да се замени со премиер предложен од ДУИ.