„Бев наивен“, изјавил Филан Митрев пред судијата во Франкфурт каде е обвинет за серија сериозни кривични дела, пренесува „Фактор“.
Првото рочиште во случајот во кој бил обвинет 25-годишниот Германец со македонско потекло во детали го следеше новинарот на весникот Франкфурте Рундшау.
Филан М. беше уапсен од германската полиција во ноември минатата година, заедно со уште двајца осомничени на 21 и 22 години од турско потекло, под сомнение за подготвување на терористички напад. Неговите потенцијални соучесници подоцна беа ослободени поради недостаток на докази, но Филан беше обвинет и се соочува со долгогодишна затворска казна поради сериозноста на обвинувањата.
„Имав среќно детство. Никогаш не ме удриле. Сакав само да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот. И дека тој пат е добар“, изјавил Филан на претходното судење за изнуда и насилство.
Познатиот македонски но и светски кардиохирург, Жан Митрев, за веста дека неговиот син од првиот брак станал радикализиран терорист за порталот А1он изјавил дека „секој човек на 25 години сам носи одговорност за своите одлуки. Тоа не е мојот син. Случајно имаме исто презиме“.
Иако останува нејасно дали таткото се одрекол од проблематичниот син, или станува збор за како што рекол, лажни вести, сепак Филан Митрев, ќе подлежи на законски судски процес во Германија и ќе си го добие тоа што го заслужува.







































