Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ уште пред два месеци со новите статутарни измени ја укина функцијата „почесен претседател“ што ја имаа поранешните претседатели на партијата Никола Груевски и Љубчо Георгиевски.
„Во однос на почесни членови и почесни претседатели овој статут на ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не предвидува односно ниту Никола Груевски, ниту било кој друг поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели. Такво нешто статутот не предвидува“, изјави тогаш на прес-конференицја претседателот на статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски.
Сепак на официјалната фејсбук страна на поранешниот премиер Никола Груевски се уште стои дека тој е почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Груевски последен пат објавил статус на својата страница на Фејсбук на 19 септември годинава, но изгледа не е добро запознен со актуелните случувања во неговата партија која изгледа само наводно го укина.








































