Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на денешниот состанок со главниот ревизор за ИПА во Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, Адем Цури, разговараа за имплементација на ревизорските препораки и затворање на ревизорските наоди за ИПА структурата, како и за понатамошно зајакнување на капацитетите на ИПА структурата во земјата и поголема искористеност на средствата преку европските ИПА фондови во наредниот програмирачки период 2021-2027 (ИПА III).








































