Министерот за здравство Венко Филипче на својот Твитер профил сподели фотографија од партиски состанок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на која јасно се гледа како не постои дистанца, маска никој не носи… – клучните препораки на стручните лица во борбата со пандемијата не се почитуваат. Од друга страна секојдневно од партијата бараат одговорност од власта за ширењето на вирусот, па одат дури до таму што директно ги обвинуваат надлежните за вирусот.
„Во свој стил, деструкција, па потоа напади по секоја цена“ – реагира јавноста на социјалните мрежи.
„Пандов во пик на пандемија одржува партиски состаноци во затворен простор, после Филипче му е крив за короната“ – гласи друг коментар.
„Дпмнеовскиот култ има долга историја на ксенофобија, сексизам, насилство, ширење на лаги, паника, спин, нетрпеливост, омраза, теории на заговор, итн. Тоа е нивни модус операнди. Оттука да се каже дека не сме сите исти, односно дека не сме како нив е сосема фактичка изјава. “- пишува еден твитерџија.
„Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“ – порача Филипче на Твитер споделувајќи ја фотографијата од евидентното непочитување на мерките.
Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот. pic.twitter.com/Mqmset3pBI
— Венко Филипче (@VFilipche) October 16, 2020







































