Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, на првиот дигитален конгрес на СДСМ се заблагодари на членовите и граѓаните за поддршката.
-Благодарен сум на поддршката од граѓаните ама Ви благодарам и вас, членовите за сета поддршка која ми ја давате, кога ја презедов одговорноста и честа да бидам ваш генерален секретар и кога воведовме нов систем на работа и функционирање на партијата. Знам дека беше напорно, но со многу труд и работа, покажавме дека можеме! – порача Николовски.
Воедно сакам да се заблагодарам и на мојот тим и мојот кабинет кои несебично ме поддржуваа во се.Без вас, без нив, овој систем и нов начин на работа на партијата немаше да биде успешен.Горд сум што СДСМ денеска го организираше првиот дигитален Конгрес, со нова енергија, победничка атмосфера и решителност да продолжи напредокот на државата.- рече Николовски.
СДСМ е Единствена партија во земјава која одржала дигитален Конгрес. Во 30 центри ширум државата, со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето и дополнителна можност за дигитален пристап за луѓе кои се во самоизолација.
СДСМ е единствена партија во земјава која оди чекор напред во демократизацијата, со целосна рамноправност на жените и мажите.
СДСМ е единствена партија во земјата која има општински организации буквално во сите општини во државата.
Македонските социјалдемократи се единствени кои се постојано со граѓаните. СДСМ постои за граѓаните, СДСМ е партија од и на граѓаните.
СДСМ е државотворна, патриотска партија. Тое нема да се промени.
Продолжуваме уште повеќе и уште подобро! – вели Николовски.







































