Одлична Конференцијата на Општинската организација на СДСМ Штип! Д-р. Сашо Николов е победнички кандидат за градоначалник на Штип, истакна генералниот секретар на СДСМ и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.
„Доктор Николов, докажан кардиохирург и врвен професионалец, здравствен работник на кого граѓаните секогаш му се прво место е нашиот заеднички предлог.
На предвремените локални избори во Штип, коишто ќе бидат организирани согласно сите протоколи и ќе бидат целосно безбедни за здравјето на граѓаните, Сашко и СДСМ, се апсолутни фаворити“, нагласи Николовски.

Имаме многу проекти релизирани во Штип, градинка во Сењак, улици, мост, тротоари, водоводи, канализации, започнува изградба на браната Отиња и многу други. Тоа му е јасно и на Мицкоски и на сите во ВМРО-ДПМНЕ и затоа бараат одлагање на изборите. Не затоа што наводно се исплашени за здравјето на граѓаните, како што лажат, туку затоа што се исплашени дека убедливо ќе загубат.
На изборите во Штип исто како и на предвремените парламентарни избори, ќе победи концептот што води напред, напред кон развој, напредок и интеграција“, потенцираше Николовски.








































