Министерот за правда е свесен дека преку работата на неговиот ресор во многу нешта ќе зависи оценката за успехот на оваа влада. Бојан Маричиќ во интервју за „Независен“ вели дека врвна цел и на Министерството и на судовите и на обвинителите е да има навремена правда за сите. Тоа за многумина изгледа како далечна и недостижна цел, но Маричиќ уверува дека со новата енергија, големата вклученост на многубројни експерти од судската и научната фела може да се стигне до вистинските реформи. Особено поради тоа што преговорите со ЕУ ќе почнат веднаш со владеето на правото и кругот треба да се затвори токму со него.
На прашањето: Дали подготвувате нови барања за екстрадиција на двајцата бегалци во Грција и поранешниот премиер во Унгарија или тоа е веќе завршена работа? Маричиќ вели:

Министерството за правда може да бара екстрадиција неограничен број пати и за ниту едно барање нема да се откажеме. Сѐ додека се активни меѓународните потерници ќе правиме напор да ги донесеме сите лица. Секако, треба да се има предвид дека тоа е постапка со странска држава која има дискрециско право да прифати или да ве одбие за вакво барање. Министерството за правда ги прави сите можни напори лицата кои не се достапни пред правосудните органи да бидат екстрадирани. Наше право и обврска е да ги изнесеме сите нови околности во барањата за екстрадиција и да ги опфатиме сите дела кои во моментот се познати за некој сторител.

Целото интервју на следниов ЛИНК.