..Времето кога од улиците одекнуваше детскиот џагор. Кога во 9 навечер, со парче леб намачкано со ајвар бабите трчаа по внуците да ги нахранат, а тие, занесени во играта, молеа да останат надвор „само уште 5 минути“.
Она време кога татковците со комшиите играа табланет по пиво, кога мајките наутро ги метеа прашливите улици, а дедовците, држејќи ги за рака, ги испраќаа првачињата до школскиот двор.
Годините кога гостите на именден се пречекуваа со соленки и кикиритки, со ракија, пиво и сок, кога на семејните слави до зори се пееше „уште една за крај“.
Времето кога телевизорите беа црно-бели, а соништата во боја. Кога „Победа“ и „Пелистер“ ги сакавме, ама „Вардар“ не го мразевме. Она време кога немаше „клети Шиптари, комуњари и патриоти“, туку само – луѓе!
Ете тоа време фали…
ФБ статус на Зоран Милошески







































