Станува збор за ранливи категории на потрошувачи, односно оние кои што земаат социјална помош. Оваа обврска кон ЕВН е утврдена во правилата за снабдување со електрична енергија, и таму е точно дефинирано дека овие ранливи категории на потрошувачи за време на грејната сезона, декември, јануари и февруари, не смее да бидат исклучени. Значи нема ниту еден потрошувач кој што прима социјална помош и е во ранливата категорија на потрошувачи дефинирана од Владата, да е исклучен. Она што го прави РКЕ е дека ќе испратиме допис и предлог до министерството за економија да се зголеми опсегот на ранливите категории на потрошувачи, изјави во Утрински брифинг Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
-Покрај овие што примаат социјална помош ќе предложиме и други категории кои сметаме дека се ранливи и се соочуваат со неможност за покривање на своите сметки да бидат вметнати во овие категории на потрошувачи што би подразбирало и плус да примаат дополнителна финасиска помош од страна на државата. Во текот на наредната недела оввие категории ќе се конкретизираат и јавноста ќе биде известена, вели Бислимовски и додава дека до овој момент нема барање за ново покачување на струјата и доколку дојде истото ќе биде одбиено.

-До овој момент увоз на електрична енергија прави Електрана на Северна Македонија. РЕК од 2019 повеќе не ја утврдува цената на поранешно ЕЛЕМ, односно денешно ЕСМ и од тие причини било што да се случува во увоз на електиринчна енергија, во овој момент нема да има никакво влијание, затоа што компанијата ЕСМ понуди цена, до крајот на оваа годиниа, од 38,8 евра за мегават час. И тие во рамките на она што го понудиле треба да ја додржат таа цена. Тие може и целокупното портфолио на регулираниот пазар да им биде од увоз, но цената која ја понудиле на тендерот се дефинира од 38,8 евра од час и тоа не може да прави никаков притисок на цената, вели Бислимовски.