Директорката на основното општинско училиште Христијан Тодоровски – Карпош од општина Ранковце и претседател на општинската организација на СДСМ од Ранковце, Христина Младеновска, со демант на текстот објавен во медиумите во кој според неа се наведуваат невистини со кои се сака да се оцрни нејзиното име и да се манипулира јавноста.

“Во врска со објавата на дел од медиумите за непотизам, демантирам дека такво нешто ниту сум помислила и ниту сум направила. Точно е дека мојот сопруг е вработен во царинската управа, но тоа е направено согласно закон и исполнување на услови во конкурсот, што впрочем секој граѓанин, кој ги исполнува условите, има право да се пријави. Во врска со тоа дека јас како претседател на ОО СДСМ Ранковце дека сум од лична корист можам да кажам само едно, а тоа е дека во изминативе три ипол години во Ранковце се инвестираше како никогаш досега, а и самите граѓани се сведоци на сето тоа”, вели директорката.

Според Младеновска ваквите написи доаѓаат од страна на опозициската ВМРО -ДПМНЕ и дека целта е да се манипулира јавноста преку нејзино дискредитирање и отргнување на фокусот на јавноста во врска со се она што во Ранковце се направи изминативе години. Директорката бара да не се користат вакви подли методи и ширење на лаги и доколку се осмелат од ВМРО – ДПМНЕ, преку директно соочување да се дознае вистината.

“ВМРО освен дискфалификација, навредување и омаловажување ништо друго не знае да прави.Плашејќи се од следните поразите се обидуваат да го оцрнат моето име. И до сега и од сега ќе бидам човек кој секогаш помагал и ќе помага на секого. Со мојата чесна и посветена работа само ќе нижам успеси а тоа граѓаните умеат да го препознаат и ценат. Сите невистини изнесени во јавноста ги демантирам и барам јавно извинување”, вели Младеновска.