„Тие што користат марихуана за лична употреба да не одговараат кривично, криумчарењето да се казнува секако и да биде кривично дело. Туку кога младите имаат половина грам или грамажа според светски стандарди, тоа да не се казнува. Конзумацијата на марихуаната покажува ефикасност дека е вистинска борба против тешките, убиствени дроги, значи легализацијата значи дозвола за лична употреба. Ќе следува дебата во јавноста за овој процес за да видиме како мислат граѓаните. Едно е кофишопови, но и втората димензија е важна – целосна легализација. Има држави со во кои во нивниот БДП угостителско туристичките дејности покриваат 60 отсто токму заради легалната марихуана. Ние немаме бродови, пристаништа, мораме со ресурсите што ги имаме да работиме и економски да профитираме. Почнавме со медицински канабис во 2014 година. Тој лечи различни болести и дава резултати во психички растројства, малигни заболувања и многу други.“- изјави премиерот Зоран Заев, во емисијата Само интервју, на телевизија Канал 5.

Дополни дека никогаш не пробал марихуана, но дека тоа не значи оти не треба да се бори за нејзина легализација.

„Не сум пробал, ама се борам за легализација. Јас сум стрејт ама се борам за правата на ЛГБТ заедницата, јас сум Македонец но важам за голем поддржувач на правата на Албанците“- рече Заев.