ВМРО-ДПМНЕ го блокира секој закон, без разлика за каков закон станува збор. Ова го истакна Миле Талески, пратеник на СДСМ, прашан зошто се инсистира на носење на Законот за спорот меѓу Владата и Макпетрол.

Тој вели дека не се брза со носење на овој закон, туку во конкретниот случај станува збор за редовна постапка со којшто пратениците имаат обврска да ги реализираат сите проекти коишто се претходно почнати.

„Очигледно деструктивното однесување на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во секој поглед со нивното функционирање во Собранието, тоа го покажа и со самиот факт што претходно на ребалансот а сега и на буџетот имаше сериозни ситуации во којшто ВМРО-ДПМНЕ ги доведе граѓаните да биде ставена нивната иднина. Го блокираат Законот за внатрешни работи со над 500 амандмани, ги блокираат сите оние реформски закони којшто се во правец на подобрување на животот и стандардот на граѓаните“, смета Талески.