Резултатите од најновата анкета на М Проспект и Телма ми го кажува следново.
Граѓаните на Зоран Заев му поклониле висока доверба затоа што се осмели да го направи она што никој пред него не се осмели да го направи: ја скина менталната решетка околу нашите глави која не оптеретуваше 30 години. А се работи за договорот од Преспа. Следствено на тоа дојде наградата за влез во најмоќната светска алијанса НАТО. Додека неговиот конкурент Мицкоски се лигавеше, не беше спремен да пресече, немаше храброст да поддржи без претходно да се консултира со галеријата од опскурни мрачњаци.
Граѓаните на Северна Македонија сакаат демократ, пристоен човек, ама и оној што умее да стисне, да ја каже вистината и кога таа ќе предивика констернација, бес и лудило. Граѓаните на оваа земја ја сакаат таквата динамика на Заев затоа што ги ослободува од тегобите со кои живеат предолго и кои гребат од нив да се ослободат.
Граѓаните сакаат лидер. Не ги интересира дали лидерот страда или се мачи додека го сменува оној што не заслужил да биде нешто. Приметувам и нешто друго: граѓаните се прилично оптеретени со фактот дека ним им е тешко, немаат повеќе емпатија за никого. Сакаат визија, одлучност и храброст. А не пренемагање за одлуки кои треба да се донесат утре, во петок или “од понеделник”.
Заев разбира дека секој рејтинг е меур од сапуница. Рејтингот бара решавање на проблеми. Затоа храброста, одлучноста и решавањето на конкретни проблеми денешниот рејтинг е на реална основа.
Зоран Заев проклето работеше за овој рејтинг, наградата од граѓаните и овој пат стигна во заслужени раце.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ