Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска го посетија реконструираниот објект на Одделението за внатрешни работи во Крива Паланка.
При денешната посета на ОВР Крива Паланка, оддадовме почит и положивме свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители од Крива Паланка во конфликтот во 2001 година, посочи Николовски.








































