Охриѓанка на возраст од 19 години вчера во полиција пријавила дека на 29. месецов околу 23 часот, нејзиниот невенчан сопруг, извршил обљуба врз неа.

Според пријавата, станува збор за 23-годишниот А.М. од Струга.

Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.