Излегува Мицкоски од Стара чаршија, најавува борба за локална власт, критикува бесмислено и популистички. Не сфаќа дека во неговата глава политика нема. Не сфаќа дека нема политика за ниедна тема. Без разлика што опозицијата не е власт, мора да има политика. Денес Заев има политика за секоја тема, а Мицкоски нема политика за ниедна тема.
Немаат политика за ЕУ, немаат став за НАТО, за Бугарите имаат став, ако плукањето им го верификуваме како политички став; дури немаат блага врска што е потребно за скопјани, а немаат ниту појма што е потребно за оние граѓани кои живеат надвор од Скопје.
За разлика од нив, политиката на Заев е прагматична, реална и на крајот – победничка. Затоа што има политика, има конкретни проекти за граѓаните и јасни цели каде треба да се движиме како народ и држава.
Ако Мицкоски најавува од денес борба за локалните избори, со задоволство му ја прифаќаме фрлената ракавица.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ







































