Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари средба со претседателот на Советот на Јавни Обвинители, Ацо Колевски.
Владата на Република Северна Македонија ја цени улогата на Советот на Јавни обвинители како самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција, истакна вицепремиерот Љупчо Николвски.


„Ќе воспоставиме транспарентна и отворена комуникација како и неопходна техничка поддршка за Советот со цел непречено одвивање на работните активности согласно нивните законски надлежности“, потенцираше Николовски.







































