Полицијата во Германија спроведува истрага против лекар што украл доза од вакцина од центарот за вакцинација, а станува збор за 69-годишен лекар во пензија, кој бил ангажиран во вакцинацијата.
Тој е осомничен дека украл доза од вакцината, но не за себе, туку за неговата сопруга.
Лекарот ја ставил дозата на вакцината во шприц, го изнел од салата каде што била извршена вакцинацијата и ѝ го дал на сопругата за која рече дека е тешко болна.
Кражбата веднаш била забележана и лекарот бил отпуштен.
Инцидентот се случи на 18 јануари, но сега се појави во јавноста, пренесува весникот „Билд“.







































